Навивачите повторно го собраа ѓубрето на трибините иако репрезентацијата на нивната земја испадна од турнирот.
APНа Светското првенство во фудбал во Ростов на Дон вчера се сретнаа репрезентациите на Белгија и Јапонија. На почетокот на второто полувреме, кога Јапонците водеа со два гола разлика, иако Белгијците ги сметаа за фаворити, изгледаше дека европските фудбалери го губат мечот. Меѓутоа, тие успеаја да направат пресврт и да го постигнат победоносниот гол во последната минута од судиското продолжение. На тој начин, со резултат 3:2, си обезбедија пласман во четвртфиналето на турнирот, а Јапонците ги испратија дома.
Japan were 2-0 up till 69th minute & lost 3-2. The winner from Belgium came in extra time.
— Dhaval Rajyaguru (@dhavalrajyaguru) 3 July 2018
Earlier we saw how Japanese fans were cleaning up the stands. This is d dressing room of Japan football team AFTER game.
Cleaned it up and left a note saying 'Thank you' in Russian. pic.twitter.com/FkhdFLM6T1
Координаторката на Меѓународната фудбалска федерација Присила Јансен напиша на „Твитер“ дека јапонските фудбалери по таквиот пораза останале на теренот да им се заблагодарат на навивачите кои ги бодреа. Тие, исто така, ги уредија клупата за резервни играчи и соблекувалната и оставија порака на која на руски јазик пишуваше „благодариме“ („спасибо“). Јансен, инаку, од непознати причини, неколку часа подоцна го избриша твитот.
Јапонските навивачи се вклучија по натпреварот во чистењето на „Ростов Арената“. Тие со себе донесоа кесиња за ѓубре, како што го чистеа стадионот и по натпреварот од групната фаза на турнирот во Саранск.
Одбранбениот играч на јапонската репрезентација Маја Јошида објасни дека нивните играчи навикнале да чистат.
„Можам само да кажам дека во нашата соблекувална е почисто отколку во клубовите на англиската Премиер лига. Меѓутоа, кај нас навистина важи правилото дека зад себе мора да оставите чисто. Ние овде играме натпревари, се бориме на фудбалскиот терен, но во исто време ја претставуваме и нашата земја, Јапонија. А тоа треба да се прави достоинствено. Навивачите убаво го покажаа тоа“, заклучи Јошида.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче