Навивачите на репрезентациите на Јапонија и Сенегал ги исчистија зад себе трибините на стадионот по натпреварот на овие национални тимови во рамките на групната фаза на Светското првенство во Русија.
Средбата заврши со резултат 2:2, а навивачите на овие екипи веќе ги исчистија трибините по натпреварите во првото коло, за што сведочат видеоснимките кои во меѓувреме станаа исклучително популарни.
Претходно играчот на репрезентацијата на Јапонија Маја Јошида изјави дека навивачите на неговиот тим едноставно не умеат да се однесуваат поинаку.
„Кај нас се верува дека треба да исчистите зад себе. Ние овде играме фудбал, се натпреваруваме на фудбалскиот терен, но покрај тоа ја претставуваме Јапонија. Тоа мора да се прави достоинствено. Навивачите го покажаа токму тоа“, рече јапонскиот фудбалер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче