Македонски навивач: „На „Лужники“ во Москва се случуваше нешто неверојатно“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Македонскиот навивач Златко Спиркоски од Прилеп имаше среќа вчера да присуствува на сега веќе легендарниот меч Русија-Шпанија, кој ѝ донесе на Русија победа и првпат во историјата ја внесе во 1/4 финалето на светско првенство. „Тоа, што вчера се случуваше на стадионот „Лужники“ во Москва не може да се пренесе со зборови. Таква еуфорија, такви емоции. Сѐ уште сум со мислите на тој натпревар. А по мечот на улиците на Москва беше вистински празник - сѐ беше исполнето со среќа и радост поради победата“, раскажува Златко.

Прочитајте уште: Македонија си има свој Забивака