На социјалните мрежи навивачите објавуваат фотографии и коментари за иранските навивачки кои на трибините на стадионите во Русија се појавуваат непокриени.
По Исламската револуција 1979 година иранските жени при излегување на улица мора да го имаат откриено само лицето, а сите останати делови на телото мораат да бидат покриени со хиџаб или марама. Меѓутоа, Мундијалот во Русија за иранските навивачки беше можност на забораваат на строгиот код за облекување и да се почувствуваат слободно во странска земја. Тоа го забележаа и корисниците на социјалните мрежи.
Болельщицы из Ирана.
— Аббас Джума (@IBN_MOHAMMAD) 20 June 2018
Болею с вами, девчонки! 🇮🇷 pic.twitter.com/xLrVqmQwqX
На многу фотографии кои се објавени на социјалните мрежи девојките од Иран ги покажуваат не само рацете и нозете, туку и деколтето, што во Иран е строго забрането.
Иранские болельщицы. Харам на хараме и харамом погоняет. pic.twitter.com/Md3jNrEmV4
— Александр Коц (@sashakots) 26 June 2018
Навивачката на репрезентацијата на Иран Фаје Амири вели дека сѐ се сменило по Исламската револуција. Она што претходно било прашање на лично убедување на секого, оттогаш станало закон кој не им се допаѓа на сите, пренесуваат медиумите.
Амири истакнува дека многу ирански жени веруваат во бога, но не сметаат дека треба да се покрива сѐ освен лицето. Државата ги присилува да прават така. Но кога ќе си отидете од Иран, можете да видите како сите тие кога ќе излезат на аеродром или уште во авионот ги симнуваат хиџабот или марамата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче