Навивачите кои се „залетаа“ во Русија на Светското првенство оваа година се особено креативни. Само погледнете колку необично и упадливо се облечени. Изгледа дека овие навивачи се подготвени да сторат многу нешта за да го поддржат својот национален тим.
1. Од пирамидите до Санкт Петербург: Египетските навивачи се подготвуваат да ги поддржат „Фараоните“ во натпреварот против Русија на 19 јуни. За жал, изгубија со резултат 1:3.
Евгенија Новоженина / Sputnik
2. Навивачите од Сенегала дури го исчистија по себе стадионот по мечот со Полска во Москва на 19 јуни.
Василиј Белоусов / Sputnik
3. Изгледа дека овој навивач од Колумбија стекна руски пријател во Саранск, 19 јуни.
Максим Блинов / Sputnik
4. Јапонците исто така со сите сили ја поддржуваат својата репрезентација. И тоа функционира – ја победија Колумбија со 2:1. И тие по натпреварот ги собраа своите отпадоци на стадионот.
Elmar Kremser / Global Look Press
5. Највпечатливиот навивач допатува од Шведска во Нижни Новгород. Не е ни чудо што Швеѓаните ја победија Јужна Кореја со 1:0!
Joel Marklund / Global Look Press
6. Огромно сомбреро, насмеани девојки и огнено навивање! Накратко: „Viva la Mexico“. Москва, 17 јуни.
Reuters
7. Погодете за која земја навиваа овие луѓе! Во право сте (или не сте во право) – дојдоа од Германија. Москва, 17 јуни.
Cao Can / Global Look Press
8. Убава навивачка од Перу допатува во Саранск, 16 јуни.
Михаил Сербин / Sputnik
9. Овие капчиња во боите на хрватското знаме изгледаат како фудбалски топки, а всушност се капчиња за ватерполо. Како и да е, Хрватска во Калининград ја победи Нигерија со 2:0, 16 јуни.
Chen Cheng / Global Look Press
10. „Најопасно“ изгледаше навивачот од Исланд, но тој љубезно се согласи да направи селфи со Русите во Москва, 15 јуни.
David Klein / Global Look Press
11. Кој е ова – фантастичниот Хулк или ирански навивач? Санкт Петербург, 15 јуни.
Matteo Ciambell / Global Look Press
12. Секој тим би можел да има свој сопствен Бетмен. Овој суперхерој е од Мароко. Москва, 20 јуни.
Виталиј Белоусов / Sputnik