За месец дена по Кримскиот мост поминаа над петстотини илјади автомобили

most.life

По најдолгиот мост во Русија, кој беше отворен за сообраќај на 16 мај, досега поминаа повеќе од 500 илјади автомобили, соопшти информативниот центар „Кримски мост”.

Од пуштањето во сообраќај по друмската делница на Кримскиот мост, која е дел од новиот автопат, поминаа повеќе од 508 илјади возила во двата правци, вклучувајќи околу 4,9 илјади автобуси, се вели во соопштението на информативниот центар. Како што се прецизира, во периодот од 16 мај до 19 јуни интензитетот на сообраќајот во правец на Крим надмина 274 илјади возила, а во спротивниот правец 233 илјади.

Претседателот на Русија Владимир Путин зад воланот на камион КамАЗ, на чело на колоната од товарни возила кои учествуваа во овој градежен потфат, свечено го отвори Кримскиот мост на 15 мај, што се случи шест месеци пред предвидениот рок. Утредента мостот беше пуштен за сообраќај на патнички автомобили и автобуси во двата прави. Првиот час преку мостот поминаа преку илјада автомобили, додека првата недела беа регистрирани повеќе од 108 илјади возила.

Прочитајте повеќе: На Кримскиот мост соборен рекорд во интензитет на сообраќај

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња