На Кримскиот мост е соборен рекордот во интензитет на сообраќајот, објави агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на управата за сообраќај „Тамањ“ на руската федерална агенција за патишта.
„Минатиот викенд е соборен рекорд во интензитетот на сообраќајот на мостот. Во неделата, 10 јуни, преку мостот поминаа 25 илјади автомобили во двата правци“, се наведува во соопштението.
На 1 јуни беше објавено дека од отворањето на Кримскиот мост преку него преминале над 200 илјади возила.
Сообраќајот преку мостот беше отворен на 16 мај во 5 часот и 30 минути. Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во церемонијата на отворањето на 15 мај и мина преку мостот, возејќи камион „Камаз“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче