Мохамед Салах
Ahmed Ramadan/DPA/Global Look PressНа прес-конференцијата новинарите многупати му го поставија тоа прашање на селекторот на „Сборнаја“ Станислав Черчесов. Всушност повеќе од половина од прашањата се однесуваа на главната ѕвезда на Ливерпул Мохамед Салах.
„Дај Боже Салах да биде здрав“, одговори во еден момент Черчесов и многумина не знаат како да го протолкуваат тоа.
„А мене ми се чини дека рускиот тренер е апсолутно во право и дури не на апстрактен, туку на конкретен план“, пишува спортскиот коментатор на весникот „Спорт Експрес“ Игор Рабинер. „Затоа што не се работи за романтичната желба сите да видиме како го победуваме тимот со единствената светска ѕвезда на фудбалот и дека, наводно, победата против Египет без Салах не е вистинска победа“.
Рускиот новинар тука се присетува на натпреварот во 2015 година против Шведска, кога не многу заздравениот од повредата Златан Ибрахимовиќ излезе на теренот и, според зборовите на Рабинер, им пречеше на Швеѓаните да играат како тим, бидејќи сите сметаа на умешноста на Златан и неговите голови. Така Русија оствари важна победа во квалификациите за Евро 2016.
Токму на тоа, значи, мислеше Черчесов, кога рече „дај Боже Салах да биде здрав“, пишува „Спорт Експрес“. Во натпреварот против Уругвај Египќаните играа како еден тим, знаејќи дека само заедно можат до победата. А со Салах на теренот, Египќаните можат да ја префрлат целата одговорност врз лидерот.
Затоа, оној кој се разбира во фудбал и повреди, а навива за Русија, сака вечерва против „Сборнаја“ Салах да заигра од првата минута.
Египет не е Саудиска Арабија, тоа сите го забележаа, но не е ни Шпанија, ни Бразил. Египет може да се победи, а ако погледнеме каква е ситуацијата во групата А, не би било лошо ни да се одигра нерешено, пишува рускиот новинар. „Но нашите фудбалери не би смееле да размислуваат за тоа! Да бидеме искрени: дури ни 5:0 во првиот натпревар не го натераа мнозинството руски навивачи да поверуваат дека репрезентацијата што ја видовме е нашата вистинска репрезентација. Дали е вистинската или не, ќе се види дури по натпреварот со Египет“, пишува руското спортско издание.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче