Репрезентацијата на Шведска ја победи Јужна Кореја во првото коло од групната фаза на СП во фудбал, а шведските навивачи ги испија сите залихи на пиво во Нижни Новгрод!
Како што вели претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шведска, поради големата побарувачка во некои продавници во центарот на рускиот град-домаќин на Мундијалот пиво снемало ден пред натпреварот.
„Во Нижни Новгород не остана ниту капка пиво. Тоа е доказ колку е славеничка атмосферата“, изјави еден навивач на Шведска.
Натпреварот Шведска – Јужна Кореја на 18 јуни од трибините на стадионот „Нижни Новгород“ го гледаа 42300 луѓе. Во тој руски град според официјалните информации допатуваа околу 7 илјади скандинавски навивачи.