Во очекување на натпреварот Русија – Саудиска Арабија кој заврши со резултатот 5:0 , навивачите го преплавија главниот град и ја наелектризираа атмосферата.

Moskva Agency
1. Овие Данци се на минување во Москва, а патуваат за Саранск каде за два дена репрезентацијата на Данска ќе игра против Перу. Данците се надеваат на ѕвездата на Тотенхем Кристијан Ериксен.

Moskva Agency
2. И навивачите од Јужна Кореја се радуваат додека можат. Нивната репрезентација е во мошне тешка група со Германија, Мексико и со Шведска.

Moskva Agency
3. Бразилците масовно допатуваа во Москва и донесоа со себе атмосфера на карневалот во Рио.
Moskva Agency
4. Но, тие по традиција имаат причина за оптимизам и можат да се надеваат дека во Русија ќе минат цел еден месец.
5. Засега најгласни се гостите од Уругвај. Да се надеваме дека Суарез и Кавани нема толку брзо да ги фрлат во депресија руските навивачи.
Moskva Agency
6. Аргентинците се молат на Меси да му тргне подобро одошто на Светското првенство во 2014 година.
Moskva Agency
7. Репрезентацијата на Перу настапува на Светското првенство во фудбал од 1982 година. Во групната фаза ги чекаат фудбалерите од Франција, Данска и од Австралија.
Rodolfo Buhrer / Global Look Press
8. Овој мустаклија според нас заслужува трофеј за најдобар костим кој денес е виден на улиците на Москва.
9. На гостите од Јужна Америка можеби им се чини дека ушанката може да мине и како летна капа.
10. Навивач од Русија и навивач од Саудиска Арабија. Се надеваме дека вака се прегрна и по првиот натпревар од Мундијалот 2018!