Кој е советскиот пилот што пред 30 години го преживеал падот на авионот во Авганистан?

"Ветеранские Вести"
Заменик-раководителот на ветеранската организација „Браќа по оружје“ („Боевое братство“) Вјачеслав Калинин за агенцијата РИА Новости изјави дека советскиот пилот што го собориле муџахедините во Авганистан во осумдесеттите години од минатиот век, а за кој пишуваат медиумите овие денови дека е пронајден жив, е, најверојатно, постариот поручник Александар Баранов и дека станува збор за првични и сè уште непотврдени информации.

Медиумите овие денови пишуваа дека во Авганистан е пронајден советски воен пилот кој по заробувањето успеал да преживее, а кој сè до оваа година се водел како исчезнат. Неговото име не се споменува, но е наведено дека сака да се врати дома.

„Судејќи според сè, станува збор за постариот поручник Александар Баранов, пилот на втората авијатичка ескадрила на офанзивниот авиополк Су-25 во Баграм“, изјави Калинин.

Потрагата по исчезнатиот пилот е продолжена како по официјални, така и по неофицијални канали, додава соговорникот за агенцијата.

Медиумите претходно пишуваа дека пилотот би можел да биде во Пакистан зашто токму во оваа земја се наоѓале сите логори за советските заробеници.

Според информациите со кои располагаат ветераните, на втори септември 1986 година баранов не се вратил од ноќниот лет. Потрагата по пилотот била неуспешна. Не е пронајден ниту авионот со кој управувал, ниту фрагмент од леталото.

Точни информации за судбината на Баранов сѐуште не се познати, рече носителот на орденот Црвена застава Василиј Висоцки кој во текот на 1985-86 година командуваше со втората авијатичка ескадрила на офанзивниот авиополк Су-25 во Баграм.

„Со Александар Баранов до летото 1986 година, кога го напуштив полкот и стапив во Военото воздухопловство на академијата 'Гагарин', во Авганистан имам изведено десетина борбени летови. Трагедијата се случи кога јас веќе бев в Советскиот Сојуз“, го цитираат медиумите Висоцки.

Според сè, преживеаниот пилот има најмалку шеесетина години, наведуваат руските медиуми, истакнувајќи дека сега е примарно да се утврди неговиот идентитет и да се открие зошто не се јавувал триесет години.

Рускиот сојуз на ветерани од Авганистанската воја изрази подготвеност да ја даде сета помош за време на враќањето на пилотот во татковината. Весникот „Комерсант“, повикувајќи се на свои извори пишува дека пилотот би можел да биде поручникот Сергеј Пантељук кој служел во 263 посебна извидувачка воздухопловна ескадрила. На дваесет и седми октомври 1987 година тој полетал од аеродромот Баграм, и, како што се верува, бил соборен од противвоздушен ракетен систем на 180 километри североисточно од базата.

Неверојатни приказни за советските заробеници и исчезнати во Авганистан. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња