Патријархот Кирил за руската репрезентација на СП 2018: Ни останува да се надеваме и да се молиме

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Патријархот Московски и на цела Русија Кирил се надева дека Светското првенство во фудбал 2018 ќе биде успешно за руската репрезентација. Тој се моли кај спортистите на националната репрезентација сè да биде „како што треба и на ниво“.

„Се надевам дека овој голем настан ќе биде успешно одржан и дека позитивно ќе влијае на расположението на нашиот народ“, го цитираат патријархот руските медиуми. „Во голем дела, секако, тоа ќе зависи од играта на нашата фудбалска репрезентација. И секако, да се надеваме дека напите спортисти се добро подготвени“, изјави патријархот на седницата на Вишиот црковен совет во Москва.

Репрезентација на селекторот Станислав Черчесов во четврток го отвора Мундијалот на стадионот Лужники во Москва и игра против репрезентацијата на Саудиска Арабија, а во групата е со Египет и со Уругвај.

Според рејтингот на ФИФА руската фудбалска репрезентација денес во светот го зазема дури 70 место. Во земјата репрезентацијата главно ја критикуваат, а фудбалските стручњаци не очекуваат дека Русија ќе излезе од групата.