1. Конзола Денди

Nzeemin/Wikipedia
Оваа тајванска верзија на Нинтендо во 1992 година го преплави рускиот пазар. Сега можеби се чини дека во деведесеттите години од минатиот век ја имало секое руско дете, но тоа не е така. Оние среќници чии родители им купиле Денди беа вистински цареви на улицата, додека оние кои имаа Сега беа богови.
2. Тиркизни хеланки

Секоја девојка го имаше и го носеше ова супермодерно парче облека кое беше пригодно за секоја пригода – од свечени настани до фрлање ѓубре,
3. Широки фармерки
Дмитриј Коробејников / Sputnik
Без нив едноставно не можевте да бидете во тренд. Најголема концентрација на широки фармерки имаше во руските училишта.
4. Детски крими-романи
Жанрот детективски и криминални романи во рацете на руските деца за првпат се појави во деведесеттите години од минатиот век. Овие книги се читаа со воодушевување. Освен тоа, може ли да ви текне на некој поинтересен наслов на книга од „Тајните на слезовото колаче брцнато во чоколада“?
5. Фишки
Овие мали хартиени и пластични жетони беа најпопуларната игра во Русија во деведесеттите години од минатиот век. Децата играа за жетони а победникот ќе ги добиеше сите, додека губитниците си заминуваа со празни раце. Искусните играчи имаа еден куп освоени жетони, а купувањето жетони се сметаше за нефер игра.
6. Холивудски филмови синхронизирани низ нос
Kinopoisk
Поради некаква чудна причина со синхронизација на холивудските филмови се занимаваше само една личност – Леонид Володарски. Тој, всушност, беше мошне добар во таа работа. Во секој случај, назалниот звук на неговиот глас кој го отежнуваше разбирањето на дејствието, денес е „музика за уши“ за секој Русин што растел во деведесеттите години од минатиот век.
7. Тамагочи
Getty Images
Овој дигитален домашен миленик затворен во јајце е познат низ целиот свет. Руските деца го засакаа кон крајот на деведесеттите години од минатиот век. Нивните родители го криеја Тамагочи под перницата или под душекот, со цел „миленикот“ да не ги буди децата навечер.
8. Двопек наместо пуканки на кино
Legion Media
Русите во деведесеттите години од минатиот век не беа запознаени многу со пуканките, па затоа на кино јадеа двопек. Децата пред да одат на кино го купуваа во малите дуќанчиња. Трошки имаше на сите страни.
9. Албум со сликички
Децата пополнуваа албуми со самолепливи сликички. Тоа беа јунаците од популарните цртани филмови – Терминатор, Аладин, Кралот на лавовите итн.
10. Слинки
Legion Media
Оваа популарна американска играчка ги маѓепса руските деца, особено девојчињата. Ја играа и момчињата, ама кога никој не ги гледа.
11. Гуми за џвакање со лепенки
Dragossmeu/Wikipedia
Гумите за џвакање „Љубовта е..“ и Турбо со сигурност беа омилени за секој што растел во деведесеттите години од минатиот век.
12. Тетрис
Monoklon/Wikipedia
Имаше ограничен број инсталирани игри, и всушност се нарекуваше „Игра со тули“. Но, неговата главна игра, Тетрис, стана толку популарна што сите, всушност, така го нарекуваа и овој мал уред.
13. Тетоважи од обвивки од гуми за џвакање
Во деведесеттите години од минатиот век секое дете имаше барем по една тетоважа. За волја на вистината, тие брзо се миеја.
14. Вампирски заби
Legion Media
Ги имаше во различни изданија: од играчки до колачи. Сите оние кои растеле во деведесеттите години од минатиот век еднаш сигурно биле вампири.
15. Велосипед Кама
Вадим Жуков / TASS
Најдобриот детски велосипед во Русија во деведесеттите години од минатиот век! И денес се произведува... за чудо!