Пензионерка од Новгородската област на 86 години доби златна значка по ПРО

Пензионерка на работа.

Пензионерка на работа.

Владимир Смирнов / ИТАР-ТАСС.
Александра Евстратова на 86 години ги исполни и надмина нормите за склекови, крос-кантри скијање, нордиско скијање и други дсциплини.

Пензионерка од селото Волот во Новгородската област на возраст од 86 години доби златна значка „Подготвен за работа и одбрана“ (ПРО). Ова го соопштува регионалниот оддел за физичка култура и спорт.

Александра Евстратова стана највозрасниот сопственик на „злато“ по ПРО во Новгородската област. Во февруари оваа година таа ги исполни и надмина нормите за склекови, крос-кантри скијање, нордиско скијање и други дсциплини. Притоа во 1948 година, кога Евстратова имала 17 години, успеала да добие само бронзена значка по ПРО.

Жената 54 години работела во училиштето во Волот како наставник по историја и директор. Има медал „За доблесна работа во годините на Големата Татковинска војна 1941-1945“, спомен-медали и е ветеран на трудот.

Според информациите на одделот, во 2017 на движењето ПРО му се приклучиле повеќе од 40 илјади жители на Новгородската област. Од јануари до јуни биле наградени со речиси пет илјади значки, од кои 796 се златни, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња