Во чест на скориот почеток на СП во фудбал во оптек пуштени нови 100 рубли

Михаил Јапариѕе/TASS

Пригодна банкнота од 100 рубли е пуштена во оптек по повод Светското првенство во фудбал 2018 во Русија кое почнува на 14 јуни.

Дизајнот на банкнотата ги симболизира соништата на помладата генерација и споменот на најголемите руски фудбалери, како што е познатиот голман Лав Јашин. На реверсот на банкнотата има фудбалска топка во лет како Земјината топка.

Централната банка на Русија отпечати преку 20 милиони нови банкноти со номинална вредност од 100 рубли.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња