Првиот натпревар на Светското првенство во фудбал ќе се игра со топка од вселената

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Првата средба на Мундијалот кој наскоро почнува во Русија ќе биде одиграна со фудбалска топка со која малку порано на Меѓународната вселенска станица играа космонаутите. 

Олег Артемјев се придружи на екипажот во март и ја донесе топката со себе. Кон крајот на мај Артемјев и вториот руски космонаут Антон Шкаплеров снимија како го шутираат фудбалот во вселената.

Орбиталниот тренинг со официјалната топка на Мундијалот беше посветен на скорешниот почеток на натпреварувањето. Првиот меч на 14 јуни го играат репрезентациите на Русија и Саудиска Арабија.

Дел од екипажот на МВС се врати на Земјата на 3 јуни и ја донесе со себе топката за Светското првенство.

Прочитајте повеќе: ФИФА објави ново видео со градовите-домаќини на Светското првенство