Во Авганистан пронајден преживеан советски пилот чиј авион бил соборен пред 30 години

Советски војник во Авганистан, 1988.

Советски војник во Авганистан, 1988.

А. Соломонов/Sputnik

Советски воен пилот чиј авион во осумдесеттите години од минатиот век во Авганистан го собориле муџахедините и кој цело време се водел како исчезнато лице е пронајден жив во оваа земја, јавуваат руските медиуми повикувајќи се на првиот човек на Здружението на падобранци на Русија генерал-полковника Валериј Востротин.

Како што истакна тој, на пилотот му е потребна помош од дипломатски претставници и организации на цивилното општество како и финансиска помош.

Името и презимето на пилотот е сѐ уште непознато, а Востротин ништо не кажа ни за тоа што правел пилотот сите овие години во Авганистан.

Руските медиуми повикувајќи се на информации од јавно достапни извори наведуваат дека во периодот од 1979 до 1989 во Авганистан се соборени 125 советски авиони.

Во април оваа година беше соопштено дека во Авганстан е пронајден Украинец кој исчезнал во текот на воената операција на Советскиот Сојуз. Мажот исчезнал 1988 година во покраината Кандахар. Тој бил заробен кога врз воена колона бил отворен оган, а екстремистите го оставиле жив. Подоцна го примил исламот, си го сменил името и го заборавил украинскиот јазик. Поранешниот советски војник на новинарите кои го пронајдоа им рекол, преку преведувач, дека е родум од Волинската област.

Прочитајте повеќе за последниот бој на Деветтата чета: Шака советски војници против стотици муџахедини во Авганистан

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња