Русија се подготвува за новата епизода на „Војна на ѕвездите“

AP
Првиот голем трејлер за седмото продолжение од „Војна на ѕвездите“ во Русија беше дочекан со воодушевување.

Руските фанови и гледачи топло и со носталгија го дочекаа трејлерот за седмата епизода од филмската сага „Војна на ѕвездите“ што вчера се појави на Интернет. Русите го видоа трејлерот на мајчиниот јазик заедно со сиот свет.

Најголемиот руски пребарувач Јандекс (Яндекс) заедно со Дизни започнаа специјален проект посветен на новиот филм. На 20 октомври логото на главната страница на Јандекс беше стилизирана како буквите на „Војна на ѕвездите“. Доколку се притисне на него се појавува страницата каде може да се види официјалниот трејлер за новото продолжение. Пред почетокот на трејлерот продуцентот на новото продолжение Џеј Џеј Абрамс им се обраќа на руските фанови на оваа сага и дури ја кажува на руски фразата „Да пребудет с вами Сила“, која е позната за „Војна на ѕвездите“.

„Новиот трејлер за 'Војна на ѕвездите'. Целата 2015 година е сконцентрирана кон еден ден – 18 декември, кога ќе биде премиерата. Многу сакам трејлерот да е полош од филмот. Притоа, трејлерот е прекрасен!“, напиша на Фејсбук Сергеј Јакупов

„Може ли некако да заспијам и да се разбудам на 17 декември директно во кино? Не можам повеќе да ја чекам новата војна на ѕвездите“, вели на Твитер корисничката @zhuravleva.

„Да, имам 23 години. Да, имам жена и син. Но, уште ме држи од 1999...) И денес се вратив во детството благодарение на новиот трејлер за седмото продолжение“, вели Антон Назенцев.

„Всушност, во овој важен ден за Вселената, сакам навреме да изјавам дека сите оние што ќе напишат дека 'Војна на ѕвездите' не е она што била, дека не е тоа – тоа и дека подобро од 'Нова надеж' не постои, нема да ве сакам и ќе ве анфренднам“, предупреди Andrey Koval.

Компанијата MasterCard во Русија започна специјална акција со која учесниците можат да добијат билет за премиерата на новиот филм, а исто така и патување на местата каде е сниман. За промоција на својата акција MasterCard пушти специјален клип во кој Дарт Вејдер сосема спокојно влегува во салата на Московскиот конзерваториум и слуша класична музика на Џон Вилијамс за филмот. Во исто време на ѕидот се прикажуваат сцени од филмовите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.