Во некои земји е нормално да се срка или да се испуштаат различни звуци додека се јаде. На тој начин гостите понекогаш покажуваат дека уживаат во храната што им е подготвена. Во Русија на овој начин само би ги истакнале своите лоши манири. Обидете се да јадете тивко, а ако сакате да изразите благодарност, едноставно кажете: „Спасибо!“
Во некои земји се советува да се остави малку храна во чинијата од која што се јаде, зашто ако изедете сѐ што има во неа, тоа би значело дека сакате уште храна. Во Русија луѓето сѐ уште ги паметат оскудните годиви, така што својот оброк треба да го изедете до крај. Во некои ресторани можеби дури и ќе ве запрашаат зошто не сте ја изеле својата храна, а готвачот тоа може да го доживее како навреда. Покрај другото, остатоците од недојадената храна обично не се фрлаат. Стариот леб обично им се дава на птиците, а супата на кучињата-скитници.
Дури и ако нејзиниот личен приход е двојно поголем од неговиот таа сепак очекува тој да ја плати вечерата. Ваквата ситуација е можност за мажот да се покаже како кавалер, што нема да се третира како навреда на женското достоинство, каков што е случајот во западните земји.
Истовремено, сепак, жените во Русија може да се понудат самите да платат, но тоа претставува еден вид тест. Доколку мажот не инсистира да ја плати сметката, таа тоа ќе го смета како скржавење и веројатно нема повторно да излезе со него на состанок. Но, во случај доколку жената навистина инсистира да ја плати својата сметка, тоа веројатно значи дека навистина не сака тој да ѝ плати за вечерата и дека за романтика нема апсолутно никаква шанса.
Навиката дома да се носат чевли е вообичаена во многу земји, но не у во Русија. Всушност, ова ги шокира Русите до длабочината на нивната душа! Тоа е како да легнете в кревет со чизми и со капут. Русите секогаш ги собуваат чевлите кога ќе си дојдат дома и облекуваат влечки (тапочки). Многу ретко низ дома одат боси. Секој член од семејството има свој чифт папучи, а понекогаш и два: зимски и летни, а обично во куќата има и неколку чифта папучи кои се наменети за гостите.
Истото важи и за домашната облека. Дома луѓето обично се преоблекуваат и тоа не во пижами кои се само за спиење. Баде мантил се носи по бањање или наутро. Генерално, Русите сакаат да се преоблекуваат и не можат да сфатат како некој може да помине цел ден во една иста облека.
Во Русија луѓето се облекуваат во согласност со пригодата. Облеката која е наменета за во вежбалница или за тренинг треба да ја носите само кога се занимавате со спорт или кога вежбате. Исто така, шорцевите и апостолките е пристојно да се носат само на плажа или во викендичка.
Иако за Русинките често се вели дека претеруваат (немојте да се изненадите доколку видите девојка која носи чевли на високи потпетици во секоја пригода и на секакви временски услови), неприфатливо е во продавница да се оди во пижами.
Гостољубивоста во Русија исклучително се цени. Доколку отидете во некој град во кој имате пријател, на пример, на службен пат, а не наминете кај него, очекувајте дека тој ќе се навреди. Или, ако живеете во ист град, а не го посетувате често, тоа исто така може да доведе до поставување на прашањето колку сте навистина блиски. Во Русија за да поминете време со пријателите не мора да правите планови однапред.
Во Америка на прашањето „Како си?“ често се слуша одговорот „Добро“, но тоа навистина никого не го интересира. Во Русија ваквиот одговор би се сметал за неискреност. Ако не сакате да слушате за нечии проблеми, тогаш зошто воопшто прашувате? Подобро е ништо да не кажете. Значи, ако некој Русин ви го постави прашањето „Како си?“, подгответе се за долга приказна и бидете подготвени да ја раскажете и својата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче