Анкета: Кои се најголемите стравови на Русите?

Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ) спроведе анкета во која испитаниците одговараа од што најмногу се плашат.

Стравовите, поврзани со растот на цените и меѓународните конфликти, остануваат главни фактори кои предизвикуваат немир кај Русите, велат резултатите од истражувањето на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

„Индексот на страв според првото прашање од мај до јуни порасна од 23 на 27 точки (во јануари беше 17 поени). Показателот, кој го демонстрира степенот на загриженост на Русите во однос на воените конфликти, се искачи на 19 точки во март и оттогаш е во границите на 19-20 точки“, се вели во материјалот од истражувањето, пренесува RT.

На трето место на рејтингот на стравови се најдоа проблемите со здравјето и тешкотиите при добивањето медицинска помош. Притоа показателот пораснал од нула до 8 точки во јуни.

Според анкетата, Русите во април почнале повеќе да се загрижени по повод внатрешните немири и конфликти (од -5 во јануари до 6 точки), но во јуни показателот се намалил на 1 точка. Иста тенденција се забележува во однос на стравот пред пораст на криминалот.

За неколку поени пораснале и ризиците од намалување на приходите, како и индексот на страв од губење на работата. Семејните проблеми го заземаат последното место на листата на стравувања.

Во анкетата учестувале 1,6 илјади испитаници во 130 населени места во 46 региони на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња