Путин зад воланот на КамАЗ свечено го отвори Кримскиот мост

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија го отвори друмскиот дел на Кримскиот мост седејќи зад воланот на камион КамАЗ. Друмската делница на мостот на тој начин беше пуштена во сообраќај цели шест месеци пред предвидениот рок.

Директниот пренос од отворањето на мостот можете да го погледнете и на нашиот сајт.

Пред да се фати за воланот на КамАЗ, Путин како Јуриј Гагарин на 12 април 1961 рече: „Пајехали!“ Така по мостот прва помина колоната камиони КамАЗ, на чие чело беше Путин. 

Претседателот на Русија истакна дека мостот е изграден шест месеци пред предвидениот рок.

Претходно портпаролот на Путин Дмитриј Песков изјави дека Путин лично ќе управува со возило при преминувањето на мостот и на тој начин ќе покаже дека и најамбициозните планови можат да се остварат.