На интернет се појавија бројни фотографии на кои таа позира со своите фанови. На нив се гледа дека Грин е неупадливо облечена и дека носи јакна со логото на Европската вселенска агенција.
Француската актерка допатува во затворениот воен град Звјоздни городок (Ѕвездан град) кој се наоѓа во предградието на Москва за снимањето на филмот „Проксима“ (Proxima) во кој игра жена-космонаут која се подготвува за првиот лет на Меѓународната вселенска станица.
Партнер на Ева Грин во филмот е Мет Дилон, американски актер кој 2006 година беше номиниран за Оскар за споредна улога во филмот „Фатална несреќа“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче