Дмитриј Павленко на 7 мај влезе во историјата кога самостојно се нурна на 40 метри длабочина во Црвеното море. Овој подвиг беше можен благодарение на компензаторот на пловност направен на Московскиот политехнички универзитет (МПУ).
Со стандардниот компензатор на пловност, кој им помага на нуркачите да се нурнат во длабочините, може да се управува само со прсти. Овој нов уред, меѓутоа, му овозможува на Павленко да управува со него без раце. Уредот е направен со помош на 3Д печатач.
Дмитриј Павленко настрада служејќи војска во 1999 година кога на една вежба експлодира бомба и тој остана без раце и нозе. По несреќата, за полесно да се справува со ситуацијата во која се најде, тој заврши психологија и отвори центар за рехабилитација со желба да им помогне на луѓето со ограничени можности. Оженет е, татко е на две деца. Со нуркање реши да се занимава заедно о сопругата. Во 2017 година тој стана првиот руски државјанин без горни и долни екстремитети кој добил лиценца за нуркање во отворено море.
„Имам 38 години. Денес имам семејство и работа што ја сакам. Поминав низ тежок и долготраен процес на физичка и психолошка рехабилитација. Додека се обидував повторно да застанам на нозе, честопати ме инспирираа и други луѓе. Гледав кој што направил и како му успеало тоа, а потоа се обидував да го прилагодам тоа искуство на својата ситуација“, изјави Павленко.
„Чувствувам дека сега мојот пример може да мотивира други лица со инвалидитет да го направат првиот чекор и да излезат од кафезот во кој се нашле по повредата.
За да го оствари својот сон, Павленко преку сајтот planeta.ru собра околу 4600 долари за изработка на потребниот компензатора на пловност. Тестираше три различни уреди. Еден се расипа, друг беше многу неудобен. Третиот компензатор конечно му овозможи на спортистот да ја постигне својата цел.
Во 2013 година Французионот Филип Кроизон стана првиот нуркач без раце и нозе кој во базен се нурна на длабочина од 33 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче