Јапонците го покажаа кучето што сакаат да ѝ го подарат на руската лизгачка Алина Загитова

Global Look Press
Руската олимписка шампионка ќе добие двомесечно кученце со црвеникаво-бела боја, тешко осум килограми.

Во јапонскиот град Одате е отворена изложба на кучиња од расата акита ину на која Здружението за заштита на овие кучиња го претстави кученцето што сакаат да ѝ го подарат на руската олимписка шампионка во уметничко лизгање Алина Загитова.

„Во текот на изложбата ќе го претставиме кучето од расата акита ину кое сакаме да ѝ го подариме на руската лизгачка и олимписка шампионка од натпреварувањето во Понгчанг Алина Загитова. Исклучително ни е драго што нашето национално природно добро го поврзува Русија и Јапонија“, се вели во соопштението на здружението.

Според пишувањето на агенцијата „Кјото“, Загитова на подарок ќе добие двомесечно кученце тешко осум килограми, со црвеникаво-бела боја, слично на светски познатото куче Хачико. Иако не се знае точно кога кучето ќе стигне во Русија, се претпоставува дека тоа ќе биде кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Такаши Сасаки, секретар на Здружението за заштита на акита, откако слушна зимоска дека овие кучиња ѝ се допаѓаат на Загитова, изјави дека неговата организација е подготвена да ѝ подари на олимписката шампионка кученце од наведената раса доколку таа сака да го прими.

Алина Загитова инаку ги замоли родителите да ѝ дозволат да набави јапонска акита доколку победи на Зимските олимписки игри. Како што изјавуваше во интервјуата, таа темелно се подготвила за одгледување на овој вид кучиња кои необично ѝ се допаѓаат и на кучето му смисли дури и име – Масару, што во превод од јапонски значи „победник”.

Како што истакнуваат медиумите, ова би била втора јапонска акита подарена на Русија. Имено, претседателот Путин го доби од префектурата Акита кучето Јуме, во знак на благодарност за помошта по земјотресот и цунамито во 2012 година. Тој им го покажа на јапонските новинари во текот на интервјуто во пресрет на посетата на Јапонија преклани, објаснувајќи го притоа ржењето на кучето со фактот дека се работи за „опасно куче кое си го штити господарот“.

Прочитајте повеќе: Која е новата руска ѕвезда на уметничкото лизгање?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња