Видео: Под лакот на Кримскиот мост поминаа борбени бродови на Црноморската флота

most.life
Бродовите на Црноморската флота кои пловат кон Ростов на Дон, каде што ќе учествуваат во свеченостите кои се одржуваат по повод 100-годишнината на Јужниот воен округ, поминаа под грандиозниот лак на Кримскиот мост.

Противдиверзантскиот брод „Раптор” и десантниот брод ДК-199 поминаа под лакот на Кримскиот мост, го пресекоа Керченскиот теснец и влегоа во водите на Азовското море, изјави началникот на службата за односи со јавноста на ЈВО полковник Вадим Астафјев.

Бродовите првпат пловат во посета на Ростов на Дон, каде што ќе учествуваат во прославата на 100-годишнинатата на Јужниот воен округ, рече тој.  

Припадниците на Црноморската флота ќе ги прикажат можностите на современата техника, како и вештините и обученоста на единиците, а во текот на дефилето на десантниот брод на палубата ќе се наоѓаа одделение на поморската пешадија и БТР-82.

Стогодишнината на Јужниот воен округ ќе биде одбележана со низа манифестации кои ќе бидат одржани во периодот од 3 до 5 мај и завршени со празничен огномет.

Во исто време другите борбени бродови на Црноморската флота одбиваат воздушни напади на условен противник на вежбите во Средоземното море.

Преминот преку Керченскиот теснец кој ќе го спојува Крим со Краснодарскиот крај (19 км) ќе биде најдолгиот мост во Русија и Европа. Иако беше предвидено за крајот на годинава, сепак отворањето на друмската делница на мостот за сообраќај ќе се случи многу порано, веќе кон крајот на мај. Првите возови на железничкиот мост се очекуваат кон крајот на идната година.

Сјај во ноќта: Извршена проба на архитектонското осветлување на Кримскиот мост

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе