Новиот меѓународен аеродром во Симферпољ ги пречекува патниците од 16 април. Изграден за рекордно време (22 месеци), ќе може да прими 6.5 милиони патници годишно и ќе го замени стариот аеродром кој од 2014 година, кога нагло се зголеми бројот на патници, работи во отежнати услови: минатата година низ аеродромот поминаа 5.1 милиони патници.
Алексеј Малгавко / Sputnik
Новиот аеродром во Симферпољ е трипати поголем од стариот и, всушност, е најголем аеродром на југот на Русија.
Се наоѓа покрај селото Укромное, оддалечено 5 километри од стариот аеродром и 14 километри од Симферпољ. Зазема површина од 78.000 квадратни метри и оддалеку личи на голем бран. Аеродромот е плод на мечтата на дизајнерското биро Samoo Architects & Engineers од Јужна Кореја. Архитектите се инспирирале од природата на Крим и решиле таа да биде главен мотив на проектот.
Global Look Press
Металната конструкција на аеродромот има околу 7.000 тони метал, а за споредва тоa е 300 тони помалку од Ајфеловата кула.
Сергеј Малгавко / TASS
Модерниот аеродром е подигнат на местото на поле со афион, а чини 32 милијарди рубли (520 милиони американски долари). Околу 30 отсто од средствата се приватна инвестиција. Останатото го вложи државата.
Global Look Press
Аеродромот има 55 шалтери за пријавување патници, 8 авиомостови за млазни авиони и 8 за стандардни, 16 подвижни скалила и 28 лифта, многу ресторани, кафулиња и продавници.
Global Look Press
Но, главна атракција е огромниот зелен ѕид, најголем во Европа: на површина од 1.600 квадратни метри. Ѕидот е висок 15, а широк 110 метри, со природни и со вештачки билки кои, како што велат дизајнерите, нема да можете да ги разликувате.
Сергеј Малгавко / TASS
Аеродром исто така има зелена градина со флора од полуостровот. „Билките ќе ја менуваат бојата во зависност од сезоната“, велат во службата за односи со јавност на аеродромот. „Ќе бидеме познати како еден од најдобрите екоаеродроми“.
Алексеј Малгавко / TASS
Поради модерниот изглед и роботите што одеа низ ходниците првиот ден, новиот аеродром покрај Симферпољ неофицијално го нарекуваат „космопорт“.
Global Look Press
Меѓународнит аеродром во Симферпољ постои од 1936 година, но во моментов е поврзан само со руските градови.
Сергеј Малгавко / TASS