Пчели во Москва оневозможија полетување на авион

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Лет од Москва до Симферопол на Крим е одложен поради пчели, објавија руските медиуми. Имено, случајно се отвори контејнер со пчели кој се наоѓаше во багажникот на авионот.

Пчелите почнаа да влегуваат во делот на авионот наменет за патници. Решено е да се евакуираат луѓето.

Меѓу патниците беше и телевизиската водителка Евелина Бљоданс. „Откако утринава се сместив во удобното седиште на авионот, не останав таму долго време. Стјуардесата загрижено ми рече да го напуштам авионот, затоа што во багажникот на авионот пчели ја пробиле својата заштитна обвивка и се упатиле кон пилотската кабина и салонот за патниците“, напиша таа на „Инстаграм“.

Според податоците на агенцијата „Интерфакс”, авиопревозникот решил да им обезбеди на патниците друг авион.

Погледнете го резерватот Алтинов-Солок - дом на пчели заштитени од УНЕСКО