Руската војска во Сирија повторно изгради мост преку Еуфрат

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руската војска изгради автомобилски мост преку реката Еуфрат во Сирија, изјавија од Министерството за одбрана на РФ.

Мостот е граден во отежнати услови, а била потребна и помош од нуркачи. Видливоста била намалена, а текот на реката брз, пренесува ТАСС.

Мостот е широк 6,5 метри. Автомобилската лента е 4,2 м, а пешачката патека 2,3. Должината на мостот е 156 метри. Со негово експлоатирање ќе се занимаваат сириските стручњаци.

Претседателот на комисијата за безбедност на провинцијата Деир ез-Зор генерал-мајор Јусеф Шелпи им заблагодари на „пријателите од Русија“, говорејќи дека претходните решенија за преминување по мостот биле недоволни за потребите на локалното население.

Мостот кој руската војска го изгради во февруари се урна поради наглото зголемување на нивото на водата во реката. Истрагата покажа дека наглата промена се случила поради намерното испуштање на браната на ХЕЦ „Ел Табка“ која се наоѓа на територијата на опозициските групи под контрола на „меѓународната коалиција“ предводена од САД.

Прочитајте повеќе: Зошто Русија војува во Сирија?