„Површината на асфалтниот дел на патот на лакот е релативно мала: околу 4,5 илјади квадратни метри. Така што за поставување на долниот слој на асфалтот ни се потребни околу пет-шест часа. Потоа правиме пауза од два-три дена за повторно за пет-шест часа да го поставиме горниот слој на асфалтот“, објаснува заменик-генералниот директор на компанијата „СГМ-Мост” Дмитриј Кондаков.
Се наведува дека градителите на конструкцијата на лакот на мостот поставиле 14 столбови за осветлување, а на надворешните сообраќајни ленти – огради. Кога овој дел на мостот ќе биде асфалтиран, градителите ќе монтираат ограда и меѓу лентите.
Премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека друмскиот сообраќај преку Кримскиот мост ќе биде пуштен наредниве месеци.
„Наредниве месеци ќе биде пуштен друмскиот сообраќај преку Керченскиот теснец. А до крајот на годинава автопатот од Керч до Севастопол“, изјави Медведев во обраќањето до Државната Дума.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче