Крилја
Верник се моли во џамијата која го носи името на Ајман Кадирова (мајката на чеченскиот претседател Рамазан Кадиров), единствената џамија во Чеченија подигната во високотехнолошки стил во градот Аргун. 25 јули 2017.
Сопствен брод
Човек се одмора по зимско пливање додека децата во позадина си играат со хартиени бротчиња. Чељабинска област.
Прошетка
Близначки со две кучиња далматинци и со коњ, Москва.
Детство
Секоја година езерото Карасино во близината на Артјомовската електрана е покриено со црвени цветови од индиски лотос. Приморски крај.
Вакцинација
Процедура на вакцинација на ирваси, Салехард. Централната фигура на сликата е човек со шприц!
Деца на тундрата
Дете родено во тундра е номад по природа. Од мали нозе сфаќа дека животот е континуирано движење. Секоjа година децата од ненецкиот народ одат на девет месеци во училишните интернати и секогаш сонуваат да се вратат дома. Полуостров Јамал, село Тазовски. Април 2017.
Фрагмент од московскиот трет сообраќаен прстен
Делот на поранешната фабрика „Срп и чекан“ каде се гради нов луксузен станбен комплекс. Тука се наоѓаат и неколку вентилациски отвори на Лефортовскиот тунел.
Што е прво: кокошката или јајцето?
Тежок избор во супермаркет, Московска област. Февруари 2017.
Брод во снежна пустина
Статист го шета својот миленик, камилата Кеша. Снимање на сцена за прославата на Масленица покрај Тоболевската тврдина за историскиот филм „Тобол“. Тјуменска област.
Љубители на сурфање со весло
Отворање на сезоната на сурфање со весло во 2017 година во Владивосток. Момчињата печат раженчиња на мраз.
Пролет во воздухот
Мачка го вдишува мирисот на долго очекуваната пролет.
Лаго-Наки
Постои легенда за двајца вљубени кои се викале Лаго и Наки. Наки, девојка од благородничко семејство, се вљубува во овчарот Лага, но нивните родители се противат на врската. Момчето и девојката решаваат да избегаат, но таткото на Наки испраќа свои луѓе да ја пронајдат неговата ќерка. Тие ги гонат љубовниците до карпата. Лаго и Наки скокаат во амбис. Оттогаш оваа висорамнина го носи името Лаго-Наки. Адигеја.
На покрив од заграда
Не ни е важно каде се наоѓаме, многу е поважно кој е со нас. Санкт Петербург.
Сончање
Девојка се сонча на огромни бетонски тетраподи за разбивање бранови покрај товарното пристаниште. Јалта, 2017.
Јаже за скокање
„Летам како птица!“, Москва.