Првата испорака со дрон во историјата на националниот поштенски оператор – „Пошта на Русија“ – претрпе целосен неуспех. Леталото требаше да испорача пакет од градот Улан Уде, главниот град на Република Бурјатија, во селото Нижни Сајантуј оддалечено 16 километри.
Но, нешто тргна во лош правец. Највисоките претставници на „Пошта на Русија“ и Република Бурјатија кои присуствуваа на полетувањето беа сведоци на несреќата што му се случи на дронот: леталото набрзо по полетувањето удри во зграда. Летечкиот поштар инаку чини 21000 долари.
Планираното полетување на вториот дрон е одложено додека не се утврдат причините за катастрофата.
„Поштата на Русија“ планира да користи дронови за испорака на пакети и писма во оддалечените региони на земјата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче