„Поштата на Русија“ го доби првиот хеликоптер

Во авиопаркот на „Поштата на Русија“ се појави првиот хеликоптер за транспорт на пошта и пратки - Ми-2. Хеликоптерот веднаш замина во Хабаровскиот крај.

Во авиопаркот на „Поштата на Русија“ се појави првиот хеликоптер за транспорт на пошта и пратки - Ми-2. Хеликоптерот веднаш замина во Хабаровскиот крај.

„Создавањето на сопствен авиопарк имено во Хабаровскиот крај е условено со тоа што локалната мала авијација може да превезува само половина од целиот обем на сите писма и пратки“, се кажува во извештајот од „Поштата на Русија“.

„Користејќи го хеликоптерот, ние можеме оперативно да испорачуваме пошта во најоддалечените делови на овој крај, што е посебно важно во услови на вонредни ситуации, кога поради поплавите многумина ги напуштија своите домови и се најдоа одвоени од надворешниот свет, од своите роднини“, изјави директорот на компанијата.

Тој додаде дека во иднина компанијата ќе го развива сопствениот авиопарк, а во случај на вонредна состојба, хеликоптерите можат да бидат употребени за решавање на државните и социјалните задачи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња