Познатата пушка наполнета со исто толку познатиот руски алкохолен пијалак е одличен сувенир од Русија. Фабриката од Удмуртија ја продава низ цел свет вотката „Калашников“ од 1995 година.
Најскапото шише вотка чини околу 300 долари.
Холивуд немилосрдно го користи АК-47. Николас Кејџ во филмот „Господар на војната“ вели вака: „Кога заврши Студената војна, „Калашников“ стана најголемиот руски производ за извоз. Дури потоа доаѓаат вотката и писателите со самоубиствени тенденции“.
Автоматот „Калашников“ дебитираше во филм 1954 година и оттогаш не може да се замисли холивудски негативец кој не држи автомат под перница.
Видеоигрите не се исклучок. Во арсеналот на која било игра со пукање задолжително се наоѓа АК-47.
Колумбискиот музичар Сезар Лопес во 2003 комбинираше пушка и гитара и доби хибрид кој очекувано го нарече пушко-гитара - еscopetarrа.
Многу песни се напишани во чест на пушката, многу бендови ширум светот го користеа руското презиме Калашников.
Легендарниот конструктор Михаил Калашников еднаш раскажа за средбата со министерот за одбрана на Мозамбик: „Ми го покажа знамето, а не него автоматската пушка „Калашников“! И уште ми рече дека борците по ослободувањето на земјата се враќале дома и им го давале на своите синови со името „Калаш“.
Знамето на Зимбабве
Пушката ја има и на грбовите на Зимбабве, Источен Тимор и Буркина Фасо.
Грбот на Зимбабве
Legion MediaБрендот „Калашников“ во 2016 година неочекувано влезе и во светот на модата.
„Не разбирам како досега не почнавме да шиеме облека под брендот „Калашников“, се прашуваше директорот за маркетинг на компанијата во тоа време. Затоа сега постојат маички, чадори, капчиња, па дури и ќебиња „Калашников“.
Многумина сликари и скулптори беа инспирирани од руската автоматска пушка. Еве како изгледа делото на анонимен скулптор од Мозамбик.
А овие златник пушки „Калаш“ се изложени во дворецот Абдин во Каиро.
Британските модерни уметници ја насликаа АК-47 и ѝ дадоа неочекуван облик и бои.
Автоматската пушка АК-47 може да ги инспирира уметниците и во златарско-јувелирскиот занает.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче