Во вторникот Путин положи цвеќе пред трговскиот центар и одржа состанок по повод ликвидацијата на последиците од пожарот, укажувајќи на причината која доведе до смртта на луѓето. Путин исто така вети дека сите виновници ќе бидат казнети.
Путин им изрази сочувство на семејствата на загинатите, почнувајќи го состанокот со минута молчење.
„Што се случува кај нас? Тоа не е војна и не е ненадејна експлозија на метан во рудник. Луѓето, децата дошле да се одморат. Зборуваме за демографија, а губиме толку луѓе? Поради што? Поради некоја криминална немарност. Како можеше да се случи тоа“, праша Путин на седницата во Кемерово посветена на причините и последиците од пожарот.
„Кога зборуваат за бројот на загинати, првото нешто што го почувствувате е дека не сакате да плачете туку да ридате. А кога ќе слушнеш сѐ што е кажано овде, се појавуваат и други чувства“, рече рускиот претседател.
Рускиот лидер му наложи на шефот на Истражниот комитет Александар Бастрикин да даде правна оцена за акциите на официјалните лица кои дозволиле да се случи трагедијата.
„Без пари не може да се добие потврда за работа, додека за пари сѐ ќе се потпише“, рече Путин.
Бастрикин соопшти дека официјалните органи во текот на истрагата за избивање на пожарот зеле огромно количество документи кои сега ги проучуваат.
Путин ја посети болницата во која се сместени повредените во пожарот и разговараше со пожарникарите кои први дојдоа на местото на несреќата. Тој им вети на граѓаните дека виновниците за несреќата ќе бидат казнети.
Според последните официјални податоци во пожарот загинаа 64 лица, 41 дете, уште 68 лица се во болница. Претседателот на РФ Владимир Путин објави дека 28 март ќе биде Ден на жалост во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче