Членовите на зимскиот пливачки клуб „Поларна мечка“ во Барнаул се појавија на избирачкото место преправени во... да речеме, поларни мечки.
Reuters
Поранешната ѕвезда на Бољшој театар, балетанот Николај Цискаридзе дојде на избирачкото место во градот Артјом во Приморскиот крај во придружба на шест балерини.
Сепак најинтересниот костим на овие избори го имаше гласачот кој очигледно би сакал да биде ракета РС-28 „Сармат“.
Човек од Рјазањ се појави во костим на змеј. Пред да му дозволат да гласа беше привремено „обезглавен“ и идентификуван. Потоа со него се сликаа деца.
Некои Козаци дојаваа на коњи, отсвиреа, отпеаја, си каснаа, си пивнаа...
Сергеј Пивоваров / Sputnik
Еден човек долета со делтаплан.
Laura Korobkova / Sputnik
Одвреме-навреме стекнувавме впечаток дека гледаме каубојски филм со Клинт Иствуд во главната улога.
Администрација на Кошехабљскиот реон на Адигеја
Во Санкт Петербург гласаа во витешки оклоп.
Со еден збор, гласаа сите припадници на семејството мечки!