Путин го откри подвигот на рускиот спецназовец кому му врачи одликување Херој на Русија

Владимир Путин раскажа за подвигот на Денис Портњагин кој во нерамноправна борба со терористите во Сирија беше подготвен да се крене во воздух за да не биде заробен. Претседателот на Русија го изјави ова во филмот на новинарот Андреј Кондрашов „Путин“ кој во неделата беше објавен на каналот YouTube .

„На шеснаесетти август минатата година тој не одбил само напад на терористи. Тие биле четворица или петмина, група на силите за специјални операции со задача да го наведува огнот на нашата авијација. Терористите ненадејно нападнале, регуларната армија се повлекла, неколку единици на сириската војска, а нашите останале. И ја прифатиле таа борба“, објасни Путин.

„А кога се појавила опасност да бидат заробени, тој едноставно се подготвил да се разнесе за да не им падне во раце на терористите. И повеќе од тоа, го навел практично огнот врз себе, праќајќи притоа најпрецизни инструкции. Нашите артилерци успеале со минофрлачки оган да ги отсечат бандитите, а потоа авијацијата извела напад, по што дошла уште една група специјалци и ги извлекла сите“, додаде Путин.

На 28 декември минатата година десетарот на силите за специјални операции Денис Портњагин доби лично од рускиот претседател медал „Златна ѕвезда“ - одликување за Херој на Русија. Од министерството за одбрана на Русија беше кажано само дека Портњагин е одликуван за успешно извршена „посебна“ специјална задача. Неименуван претставник на воениот ресор нагласи дека не може да каже ништо повеќе од тоа, пренесува новинската агенција „Лента“.

Прочитајте повеќе: Очевидци посведочија за херојската постапка на пилотот на рускиот авион во моментот на катастрофата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња