Офицерот што загина кај Палмира постхумно доби орден „Херој на Русија“

Поручникот 1 класа Александар Прохоренко загина во Сирија додека ги наведуваше воздушните напади врз позициите на терористите околу Палмира. Офицерот нареди да се отвори оган врз него кога бил откриен и опколен од терористите.

Претседателот на Русија Владимир Путин му го додели звањето „Херој на Русија“ на поручникот 1 класа Александар Прохоренко, кој херојски загина во текот на операцијата во Сирија, соопшти во понеделникот прес-службата на Кремљ, пренесува РИА „Новости“.

„Претседателот на РФ Владимир Владимирович Путин со својот указ му го додели звањето „Херој на Руската Федерација“ на поручникот 1 класа Прохоренко Александар Александрович (посмртно) за јунаштво и хероизам, покажани при исполнувањето на воениот долг“, се вели во соопштението.

За загинувањето на рускиот офицер Министерството за одбрана на РФ соопшти на 24 март. Како што беше објавено подоцна, поручникот Прохоренко загинал во текот на наведувањето на воздушните напади врз позициите на терористите во близина на Палмира.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња