Очевидци посведочија за херојската постапка на пилотот на рускиот авион во моментот на катастрофата

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Очевидци на падот на авионот Ан-26 во Сирија соопштуваат дека можело да има многу повеќе жртви во оваа катастрофа.

Според информациите на каналот WarGonzo на сервисот Telegram, пилотот на рускиот авион, мајорот Смирнов, избегнал да се сруши врз населба и во последен момент го свртел авионот кон лимонови плантажи.

На 6.03.2018 година во 14 часот и 15 минути по локално време, во обид да слета на аеродромот Хмејмим во Сирија, доживеа несреќа руски транспортен авион Ан-26, соопштил Министерството за одбрана на Русија. Во авионот имаше 33 патници и 6 члена на екипажот. Нема преживеани. Ан-26 припаѓаше на 6 армија на Воздушно-космичките сили на Русија. Сите загинати се воени лица. Се претпоставува дека до несреќата дошло поради неисправност на авионот.

Прочитајте повеќе: На аеродромот Хмејмим во Сирија се урна руски транспортен авион Ан-26