На аеродромот Хмејмим во Сирија се урна руски транспортен авион Ан-26

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
При слетувањето на аеродромот Хмејмим во Сирија се урна руски транспортен авион АН-26. Ова се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.

Се истакнува дека, според првичните податоци, во авионот се наоѓале 26 патници и шест члена на екипажот.

„Сите загинаа“, изјавија од Министерството за одбрана на Русија.

Во соопштението се вели дека авионот удрил во земјата 500 метри пред пистата, пренесува RT на руски.