Почина некогашниот главен конструктор на „Автоваз“ и творец на легендарната „Нива“

prostoyparen8
84-годишниот ветеран на руската автомобилска индустрија Георгиј Мирзоев последниве години активно се занимаваше со развој на автомобили кои користат алтернативни видови гориво.

Георгиј Константинович Мирзоев, некогашниот главен конструктор на „Автоваз“ и творец на „Нивата“, чии замисли беа пред своето време, почина во 85 година од животот, соопштуваат медиумите.

На должноста главен конструктор на „Автоваз“ Мирзоев се наоѓаше од 1976 до 1998 година. Благодарене на неговите напори е произведен првиот домашен автомобил со погон на предни ВАЗ-2108, како и „Нива“ и „Автоваз 2015“. Учествуваше и во создавањето на возилата УАЗ-452 и УАЗ-469.

По заминувањето од функцијата легендарниот конструктор се занимаваше со проектирање на автомобилот со погон на горивни ќелии „Лада Антел“, а подоцна и на возила на бензин и гас.

Последниве години активно се занимаваше со развој на автомобили кои користат алтернативни видови гориво.

Георгиј Мирзоев ќе биде погребан во Москва.

Прочитајте повеќе: Од крстосување по улиците со стил до покорување на мочуриштата: 10 најдобри LADA Niva

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња