Алина Загитова освои злато во Пјонгчанг, Евгенија Медведева сребро

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Русинките Алина загитова и Евгенија Медведева ги освоија првото и второто место во уметничко лизгање на Зимската олимпијада во Пјонгчанг.

Златниот медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го освои 15-годишната Русинка Алина Загитова. Среброто `и припадна исто така на Русинка - 18-годишната Евгенија Медведева. Во финалниот настап двете освоија ист број бодови, но во вкупниот збир Загитова имаше само еден бод повеќе.

Ова е второто олимписко злато во индивидуална конкуренција во историјата на руското уметничко лизгање (првото го освои Аделина Сотникова во Сочи 2014 година), а на оваа Олимпијада во Пјонгчанг ова е прв златен медал за руските репрезентативци.

Прочитајте повеќе: Неповторливи: Руските лизгачки Медведева и Загитова во Пјонгчанг урнаа два светски рекорда