Се топи американската нуклеарна база на Гренланд подигната за борба против СССР

Global Look Press
Скриена под 35 метри дебел мраз, супертајната американската нуклеарна база Century на Гренланд е откриена кога ледникот почна да се топи, јавуваат медиумите.

Воената база, окована во мраз, со објекти во кои се наоѓаат складирани токсични материи, би можела да се стопи за неколку години, пишува „Дејли Стар“  повикувајќи се на мислења на стручњаци.

Секоја година ќе се топи по еден слој мраз, изјави научникот од Јоршкиот универзитет во Торонто Вилијам Колган.

Кога била изградена во 1959, база се наоѓала осум метри под нивото на мразот. Американската база била наменета за борба против СССР во евентуална нуклеарна војна, затоа што се наоѓала на само стотина милји од непријателот. На територијата на базата, покрај воени објекти, имало продавници, кино, цркви и станбени објекти со капацитет до 200 војници.

Воената база е затворена 1967 година поради нестабилната состојба на мразот, кога се појавила опасност од рушење на еден ѕид. Затоа е однесена сета опрема, но биолошкиот и радиоактивниот отпад останале.

Треба да се каже и тоа дека меѓународна група геофизичари, меѓу кои беа и стручњаци од Новосибирск, во 2016 година пронајдоа објаснување за аномалното топење на ледениот оклоп во центарот на Гренланд.

Прочитајте повеќе: Дали Американците навистина го направија „идеалното“ оружје против руските подморници?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња