Неделата што измина во Русија беше недела на палачинките. Се славеше древниот словенски празник Масленица со кој се одбележува и почетокот на Великите пости.
Како помина, се прашувате? Овде можете да видите што сѐ подготвија луѓето во Русија за овој голем празник. Ги одбравме најдобрите фотографии и се надеваме дека догодина нема да пропуштите да ни се придружите!
Додека некои ја слават Масленица така што печат палачинки...
...други се одлучуваат за јавни собири со голем број спортски натпреварувања.
Палењето на плашилото (симбол на изминатата зима), тепачката на годината во која мажите ја покажуваат својата сила и многу музика - тоа не можете да го доживеете секој ден.
Погледот од воздух врз прославата е навистина импресивен!
Многу родители не ја пропуштија шансата да ги фотографираат своите деца во празнично издание. И тоа беа незаборавни портрети!
Се разбира, кулминација на настанот беа палачинките! Некои пристигнаа и на лопати!
Кога ќе се најадете палачинки, време е за сериозни активности, како што е освојување на снежна тврдина.
И се разбира: тепачка!
За среќа, жените избраа полесни активности...
Малку песни и оро...
...брзо се претвораат во луда забава која не е за луѓе со слабо срце!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче