Како Русите ја направија Масленица профитабилен празник

Костимирани актери со актер преправен во мечка на отворањето на фестивалот „Московска Масленица“ на плоштадот „Манежнаја“.

Костимирани актери со актер преправен во мечка на отворањето на фестивалот „Московска Масленица“ на плоштадот „Манежнаја“.

Иља Питалев / РИА „Новости“
Стариот пагански празник Масленица, кој Русите го слават уште од средниот век, стана најголем фестивал на храната во современа Русија, а според комерцијалниот успех тој е споредлив со Октоберфест во Германија или со Денот на благодарноста во САД. Во Русија од него заработуваат не само продавачите на храна, ами и туристичките компании.

Масленица се нарекува седмицата на крајот на месец февруари или почетокот на март за време на која Русите печат палачинки и организираат народни веселби со палење сламена кукла. Традиционално овој празник го зголемува профитот на прехранбените продавници и рестораните за палачинки, но во последно време и на туристичките компании кои нудат кратки патувања до старите руски градови со средновековна архитектура.

Интересно е дека продажбата на зајрето за палачинки се зголемуваат повеќе отколку продажбата на материјали за самите палачинки, вели за „Руска реч на македонски“ Антон Пантелеев, претставник на синџирот супермаркети Дикси. Според него побарувачката на брашно се зголемува речиси 100%, на млеко 10%, најпопуларното зајре за палачинки се сгушчонка (кондензирано слатко млеко – заб. прев.), црвен кавијар и мед. „Продажбата на сгушчонка може да се зголеми и до 200%, а на мед во просек 20-30%. За црвениот кавијар масленицата е втората највисока сезона по Нова година - побарувачката нагло се зголемува за 50%“, раскажува Антон.

Палачинки од Пепси и зајре од „Цезар“

Teremok / Кирил Зиков / Moskva AgencyTeremok / Кирил Зиков / Moskva Agency

Според зборовите на Михаил Гончаров, основач на најпопуларниот во Русија синџир за домашна кујна „Терјомок“, кој е специјализиран за производство на палачинки, за време на Масленица продажбата на рестораните им се зголемуваат до 40%. Притоа Гончаров забележува дека тогаш се зголемува не само побарувачката на палачинки, ами се зголемува и конкуренцијата меѓу специјализираните кафулиња со палачинки и рестораните за палачинки. Во рестораните „Терјомок“ не се ограничени со традиционалните зајриња и не се плашат да прават експерименти со рецептите. Според зборовите на Гончаров палачинката „Цезар“ (со зајре од салата „Цезар“) е еден од најиновативните во „Терјомок“ и е многу популарна и на Масленица.

Меѓународните брендови кои работат во Русија, исто така ја користат Масленица како можност за зголемување на продажбата и имаат посебни понуди за рускиот пазар. Токму во февруари руската марка за млечни производи „Домик в деревне“, која е во сопственост на компанијата Пепси, започна специјална акција за снабдувањето со колекции за печење палачинки. Основата на овој комплет е рецептот за тенки палачинки со крем од урда, создаден од специјално поканет главен готвач.

Московската влада се подготвува за големата прослава на Масленица во 2017 година, во споредба со другите години. Како што вели Алексеј Алексеевич Немерјук, началник на одделот за трговија и услуги во Москва, одговорен за организацијата на настаните за празникот оваа година, до февруари 2017 година Масленица никогаш не се славела во толку големи размери. Најразлични палачинки ќе бидат претставени на фестивалот „Московска Масленица“ на повеќе од 30 штандови за палачинки во кои ќе има можност не само да се вкусат, ами и да се направат.

За палачинки - во друг град

Палење на фигура на Зимата во текот на празнувањето на „Масленица“ во Суздаљ. / Владимир Вјаткин / РИА „Новости“Палење на фигура на Зимата во текот на празнувањето на „Масленица“ во Суздаљ. / Владимир Вјаткин / РИА „Новости“

Покрај љубителите на урбаните веселби, има и такви кои сакаат да искусат нови чувства во други градови. Во овој поглед се зголемува профитот на туристичките компании кои нудат тематски патувања. Според статистиката на туристичката фирма „Рус“, продажбата на екскурзии за празничната недела се зголемува за 1.5-2 пати. При тоа оние што сакаат да ја прослават Масленица на екскурзија се главно Руси, странците купуваат само околу 2% од патувањата.

Основачот на туристичката фирма Mayel Travel Маја Котљар забележува дека прослави со палачинки се организираат во сите елитните комплекси во Подмосковјето, а посебна популарност ужива Тверската област. Оние кои се заинтересирани за краткотрајни излети, преферираат екскурзии до Суздаљ, Углич и Коломна. Притоа Суздаљ е популарен меѓу оние кои се осамени патници.

Артјом Сорокин, комерцијален директор на туристичка агенција „Рус“, специјализирана токму за патувања во РФ, забележува дека оваа година се особено популарни прославите на Масленица во Муром и Углич.

„Луѓето избираат пакети за Масленица, бидејќи во нив се вклучени празнувања и традиционални руски забави (ора, чај со палачинки, палење на сламена кукла)“, објаснува Артјом. Според него градовите од „Златниот прстен“ (Золотое Кољцо) на Русија се поврзани со историјата, како и празникот Масленица, а освен тоа е привлечна и малата оддалеченост од Москва, во кој се сконцентрирани главните транспортни јазли.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња