Новата рекламна кампања за машката колекција пролет-лето на италијанската модна марка „Фенди“ го привлече вниманието на руските корисници на „Фејсбук“. Тие ја споредуваат со мем на руско момче во мочуриште...
Во 2016 година, 16-годишен ученик од Челјабинск организираше фотосесија за натпревар додека позираше со костум на средина на мочуриште – не веруваме дека знаеше дека неговите слики ќе го освојат интернетот. Дали неговите слики го инспирираа „Фенди“?
„Секојдневните и корпоративните светови оживуваат додека младиот бизнисмен на денешнината беспрекорно се движи од вистинска канцеларија до канцелариски одмор како од бајките“, се вели во воведот на рекламата на нивниот веб-сајт. Хм, дали ова не звучи како совршен коментар за фотосесијата на руското момче во мочуриштето? Навистина забавна конциденција!
Погледнете друг пример за руската мем култура! Како Русите реагираа на лансирањето на автомобилот на Илон Маск во вселената