Поглед на меѓународниот деловен центар Москва Сити откако светлата беа исклучени за Часот на Земјата во 2017 година во Москва.
Антон Денисов/SputnikПо десетти пат Москва ќе учествува во Часот на Земјата, движење организирано од Светскиот фонд за природата (WWF), охрабрувајќи ги луѓето да ги исклучат непотребните електрични светилки за 60 минути на 24 март.
Уметнички светлосни екрани на зградите, рекламите и другите урбани објекти на рускиот главен град ќе бидат исклучени еден час од 20:30 часот, соопшти Градскиот совет на Москва. Оваа година главниот настан ќе се одржи во новиот парк Зарјадје. Од Московјаните, исто така, се очекува да учествуваат со исклучување на светлата - и електричните уреди - во нивните домови во исто време.
Главната цел на движењето е да ги истакне еколошките проблеми, вклучувајќи ги недостатокот на вода и природен гас. Минатата година 184 земји зедоа учество во настанот, а повеќе од 1700 згради ги исклучија светлата во Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче