Руската фигуристка Евгенија Медведева постави нов светски рекорд на Зимските олимписки игри

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
18-годишната девојка влезе во историјата за време на нејзиниот прв настап во Пјонгчанг.

Медведева, која го држеше претходниот светски рекорд во кратката програма за уметничко лизгање (80,85), уште еднаш го запиша нејзиното име во книгите по историја со тоа што постигна резултат од 81,06 во Јужна Кореја за време на Зимските олимписки игри.

Сепак, тинејџерката нема намера да се задоволи со старата слава: „Можам да бидам горда на мојот тим, моите родители и моите тренери. Јас, особено, треба да работам и да ги покажам најдобрите резултати“.

Таа, исто така, ја оцени својата изведба само како „ОК“.

Тимот на Олимписките спортисти од Русија (ОАР) го освои второто место во целина. Програмата во слободно уметничко лизгање започнува на 11 февруари.

Прочитајте повеќе за Алина Загитова, новата руска ѕвезда на уметничкото лизгање?