Овие руски градови на духовите ќе ги разбудат вашите вибрации

Погледнете го овој избор на напуштени населби кои се идеални за снимање хорор и за постапокалиптични филмови.

Верхњаја Губаха

Со векови Верхњаја (Горна) Губаха била типична индустриска населба на Урал. Нејзините корени се некаде во осумнаесеттиот век, кога таму бил отворен рудник за железна руда. Во седумдесеттите години од минатиот век еколошката ситуација станала толку лоша поради близината на хемиската фабрика и на фабриката за произведување коли, така што жителите биле преселени во други градови.

Иуљтин

Кога едно од најголемите полиметални наоѓалишта во светот било отворено во близина на планината Иуљтин на Далечниот Исток на Русија во 1937 година, се појавила населба и луѓето почнале да инвестираат. Таа постоеше до избувнувањето на економската криза во деведесеттите години од минатиот век, а извлекувањето стана непрофитабилно. Сега, се слуша само вијот на вртлозите од кварцна прав.

Аликељ

Еден од многубројните напуштени воени градови во Русија, Аликељ во близина на Сибирскиот град Нориљск, е основана за да се сместат воени пилоти. Но, кога авионската ескадрила беше изнесена од градот – новите високи згради во средината на тундра останаа да скапуваат.

Кадикчан

Кога во 1996 година се случи експлозија на рудникот за јаглен загинаа шест лица, Кадикчан беше осуден на пропаст. Рудникот беше затворен и жителите беа принудени да заминат за да најдат работа на друго место. Сепак, неколку стотина луѓе одбија да заминат, и покрај тоа што речиси сите граѓански организации бараа запирање. Кога беше затворен котелот за топла вода, стана невозможно да се преживеат суровите мразови на рускиот Далечен Исток, а Кадикчан се претвори во град на духови.

Курша-2

Курша-2 во Рјазањскиот регионот, недалеку од Москва (200 км) не се справи најдобро со картите на судбината. Во 1936 година оваа населба беше целосно избришана од огромен оган кој го уби речиси целото население - 1.200 луѓе. Денес, масовната гробница е скриена меѓу остатоците од населбата.

Молога

Античкиот град Молога, кој се наоѓа во Јарославскиот регион, е основан во 13 век. За жал, не успеа да го преживее 20 век. За време на создавањето на Рибиншкиот резервоар градот беше поплавен и населението беше евакуирано кратко време. Понекогаш, кога нивото на водата опаѓа, можно е да се видат старите куќи. Некои поранешни локални жители се враќаат со своите деца и внуци за да ја посетат нивната стара „мала татковина“, како што ја нарекуваат.

Хаљмер-Ју

Постоењето на Хаљмер-Ју во Република Коми, исто така, се врзуваше за рудникот за јаглен. Кога тој беше затворен во деведесеттите години од минатиот век, судбината на местото беше запечатена и тоа беше напуштено. Сепак, руските воздухопловни сили сега ја користат областа за тест-бомбардирања и во 2005 година стратешкиот бомбардер на Ту-160 со Владимир Путин погоди неколку објекти.

Финвал

Оваа населба за морнарите и за членовите на нивните семејства беше основана во близина на воената подморничка база на полуостровот Камчатка. Кога подморниците беа пренаменети, Финвал беше претворен во град на духови.

Чаронда

Долги години Чаронда на брегот на езерото Воше на рускиот север беше просперитетен град со 14.000 жители во 17 век. Со текот на времето, трговските патишта полека згаснаа, прекинувајќи ги врските со областа. Денес оваа населба е достапна само преку вода.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња