Руската војска како ниту една друга: Таму нема „не можам и не сакам“

Генадиј Попов/TASS
Репортерот на Russia Beyond-Македонија со вас ги споделува своите искуства од војската.

Кога стапив во руската војска бев баеги постар од просечните регрути. Имав дваесет и пет години, со оглед на тоа дека со години ја избегнував обврската за служење воен рок. Но, со оглед на тоа дека мојот татко е професионален офицер и воен дописник, постојано чувствував вина поради тоа што не сум ја исполнил должноста кон својата земја.

Затоа решив да отидам во војска и да ги поднесам сите загуби и искушенија низ кои човек поминува во армијата. Во некои воени задачи човек навистина може да ужива, како што се трчање, ползење во прав, пукање од митралез, од снајперска пушка и слично. Но, постојат и такви нешта што МОРАТЕ да ги направите, а никој не може логички да ви објасни зошто.

Ова е список на некои од најбесмислените нешта кои се редовни присутни во руската и во другите војски во светот.

Идеално рамни купови снег

Зимите во Русија можат да бидат сурови. Може да биде морничаво ладно, па трчањето низ студениот ветар со пушка во рацете и ранец на плеќите воопшто не е пријатно искуство.

Но, со зимата доаѓа и дополнителна работа во воената база која мора да се заврши, а во војска не постои „не можам и не сакам“. Затоа ја земате лопатата и ја чистите базата од снег. Од тони снег. Буквално.

Но, тоа не е сè. Купиштата снег кои ги правите треба да бидат со совршен облик. Сите мораат да бидат со иста височина, околу два метри, со идеално рамни агли. Излегува дека не ви е потребно ниту инженерско, ниту дизајнерско образование за правење ѕидови од снег во воен стил.

Косачка за снег

Да, добро прочитавт. Понекогаш, ако нема лопати, офицерите ви велат да земете косачка за трева.

А, снегот може да се чисти и со тример.

Понекогаш снегот се чисти и на старомоден начин: со помош на коса.

Војничко местење кревет

Голем дел од војничкиот живот е посветен на тоа сè да се одржува чисто и затегнато. Особено наутро.

Исто е во секоја војска во светот, а најдобар пример како да го наместите креветот на војнички начин дава еден американски маринец на новинарка. Гледајте и уживајте.

Стража на влезот од касарната, и тоа со парапет

Офицерите треба да знаат сè што се случува во нивната касарна и што прави секој војник. Затоа на секои 24 часа еден војник стои на парапет на влезот од зградата. Тој забележува кој влегува и кој излегува, ги извршува командите на офицерот и никогаш не го напушта стражарското место. Дури и ноќе кога останатите од касарната спијат.

„Една од најбесмислените и најнепријатните работи во војска. Ве болат глуждовите, ви се спие, а покрај тоа морате да ја исчистите касарната по 180 луѓе. Го мразев тоа“, вели поранешниот десетар Евгениј Михтарјан кој две години служел војска.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња