Склекови без раце?

Дали ова е некаков трик, или човекот едноставно има посебни способности?


Видеово на кое налетавме на интернет е доволно интересно и провокативно да го споделиме со вас. Оваа снимка се појави од неодамна - како руски војници прават склекови врз раце. На снимката не е јасно дали во прашање е истиот војник бидејќи носи различни униформи во две различни ситуации. Сепак она што го прави е неверојатно и се коси со силата на гравитацијата. На провокацијата на снимателот да се обиде најпрвин со една рака, а потоа и без раце, војникот соодветно одговара. Прави склекови без раце, снимателот умира од смеа нарекувајќи го војникот „монструм“? И навистина е! Ние, сепак не успеавме да откриеме за што се работи - за трик или навистина за посебни способности на руските војници? Можеби вам ќе ви биде јасно за што станува збор и ќе го споделите откритието со нас?

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња